This section doesn’t currently include any content. Add content to this section using the sidebar.

Image caption appears here

Add your deal, information or promotional text

Ексклузивно: Елена Лука во британски Вог!

Како што е веќе познато, модниот бренд „Елена Лука“ прослави десет години од своето постоење со проектот World of Elena Luka. Целта на овој проект беше да се промовираат креациите на македонскиот бренд во ексклузивни светски модни метрополи.

Првата колекција беше лансирана во Њујорк, а дизајните се продаваат во луксузната продавница на Дримс (dreems.nyc), но секако и во самата Е-продавница.

Новата луксузна колекција есен-зима беше претставена заедно со други светски познати брендови.

Самата колекција е инспирирана од самиот Њујорк – градот кој никогаш не спие.

Колекцијата е многу женствена и сензуална исполнета со луксузни парчиња како здолништа, јакни, миди и макси фустани.

Денеска Елена Лука ја имаше честа да се појави во британскиот Vogue со фотографија од креацијата – Гиа и исто така во Вог на мало со креација – Swan Party Dress со следниов опис:

Елена Лука е позната македонска модна куќа со историја на изработка на луксузни фустани повеќе од една деценија. Овој луксузен бренд сега е достапен во Њујорк со нова колекција на интересни фустани кои ќе направат да изгледате како ѕвезда. “

Можете да ја видите целата колекција ТУКА.

Search