Елена Лука е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој суштински моден белег, препознатлив и на домашниот пазар и на светскиот моден бизнис.
Визијата за македонскиот производ со светски дизајн и квалитет, започна да се етаблира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена и се истакнува благодарение на својот целосно професионален тим на инвентивни професионалци и образовани креативни уметници – кројачи, моделари, дизајнери, дизајнери на рачна работа. Менаџери, маркетинг и продажни агенти, истражувачи на пазарот ги предводи една исклучително амбициозна дама која е една од водечките жени-менаџери во Македонија.
Елена Лука зјапаше да раскаже една нова и важна приказна за македонската модна индустрија, која во суштина беше реализација на долгогодишна анализа и стратегија, но пред се искрена желба на генералниот директор Елена Пандева да создаде сериозна модна платформа која ќе задоволи највисоките професионални стандарди во модниот дизајн. Оттогаш, Елена Лука континуирано создава сезонски ревијални колекции двапати годишно, а покрај тоа редовно секојдневно создава нови визии за совршениот моден дизајн.