Search

This section doesn’t currently include any content. Add content to this section using the sidebar.

Image caption appears here

Add your deal, information or promotional text

Директно од срце: Модни додатоци кои ќе ве освојат на прв поглед

Со почетокот на февруари започнува доминацијата на парчињата со срцев принт. Во месецот кој често се нарекува месец на љубовта и виното, се е во знакот на црвено.

Ако сте еден од оние луѓе кои го слават Денот на вљубените, можеби веќе го барате совршениот подарок за вашата сакана.

Но, и да не сте и само сакате да си подарите парче кое има впечатлив дезен и дизајн, но сепак со доза на безвременост, кое лесно можете да го вклопите во секојдневниот стил, имаме совршен предлог.

Секогаш во склад со светските трендови, актуелната кампања Elena Luka ♥ You нуди совршени „љубовни“ модни парчиња и додатоци.

Наш предлог се овие кратки марами кои на различни начини можете да ги вклопите во вашиот секојдневен стил. Совршени по изглед и допир, изработени од рафинирана свила, веднаш ќе привлечат внимание - вашето и оние околу вас.

Ги има во неколку бои, па можете лесно да ги имплементирате во деловен стил, со опуштени аутфити, како и за поформална пригода

.

Search