Карираниот дезен е непогрешлив есенско-зимски тренд, а ова долго пончо во свежи комбинации на бои на црвена, бела, зелена и жолта ви овозможува да внесете свежина и енергија во вашата зимска гардероба. Ресите на дното, кои се автентичен украс за ваквото парче, и ременот на половината, кој го нагласува струкот, го комплетираат ова парче, кое подеднакво убаво изгледа и на помладите и на постарите дами.