This section doesn’t currently include any content. Add content to this section using the sidebar.

Image caption appears here

Add your deal, information or promotional text

„Две црвена црвена - Ожени ме“ - Романтична комедија за границата помеѓу љубовта и бракот со костимографија од Елена Лука

Во културниот дом „Димитар Влахов“ се одржува премиерата на претставата „Две црвена црвена - Ожени ме во продукција на „Театар провокација“. Режисер беше Роберт Ристов, а во главната улога се јавија Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.
Што кога девојката сака брак со момчето со кое е долги години во врска, а тој не сака? Дали љубовта мора да биде круниса со брак или тој е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може да го манипулира. Дали бракот е продолжување на среќата и љубовта или прекинувачот?

Ова се само дел од прашањата сместени во современ контекст со реплики кои мамат насмевки. Во сцената на режисерот и продуцентот се јавува Роберт Ристов, кој за својата соработка со Елена Лука рече:
„И овој пат на ЕЛЕНА ЛУКА се покажа како карактеристичен креативен, и со префинето чувство за театарска естетика, направи сценско-функционални и тематски издржани костими. Одлично се разбираме. Комуницираме на иста фрекфенција. Им благодарам од срце!“

И ние се радуваме што имаме можност да бидеме дел од уште еден нов и креативен проект.

„Косимографијата не е нешто непознато, а со тим од Театар Провокација досеа сме виделе повеќе пати да се соработуваме. Им благодариме на довербата. Инспирирани од љубовта, од тоа што таа може да направи, направивме неколку костими кои ја содржат оваа црвената боја. Внимавајте на деталите, но уште повеќе на (мулти) функционалноста и удобноста, можните и тоа е важно да се вклучите во еден проект. Уживавме во влегувањето на визуелниот дел на оваа приказна, со смеа, сексапил и секојдневие, претставени карактеристики и преку костимографијата“, присуствува од модната куќа.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од вчерашната премиера:

Search