Капутите во боја се една од најдоминантните тенденции на светско ниво. Овој капут во жолта нијанса, ќе внесе ведрина и во најтмурните зимски денови. Со џебови, ремен кој се протнува низ внимателно поставени гајки во интересен облик, со широка јака и ревери и должина под колена - совршен за безброј комбинации. Ако на тоа ја додадете и топлината која ја овозможува и беспрекорната линија, ова ќе биде вашето ново омилено зимско парче.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
Colored coats are one of the most popular fashion trends currently. Even on the darkest winter days, this yellow coat will bring calm. With pockets, a belt that goes through carefully placed pegs in an interesting shape, a wide collar and lapels, and a length beyond the knees, this coat is ideal for a variety of outfits. If you add the warmth and the perfect line, this will become your new favorite winter piece.