Романтичен, женствен, лелеав и пријатен се само дел од епитетите кои го опишуваат овој урбан и шик фустан. Во боја на лаванда и материјал кој што ве гали, овој фустан е дел од најновата Лаванда капсулна колекција од ЕЛЕНА ЛУКА.
Во горниот дел е набран во фалти а во долниот дел е пуштен во полн глог и е нагласен е со огромна романтична панделка која го струкира и му дава дополнителна женственост. Дополнителните ракави го прават двојнонаменски и лесно адаптибилен така што според пригодата и како се чувствувате оваа креација ќе соработува со Вас.