Закажете средба со дизајнер и креирајте го фустанот од вашите соништа
Креации од вашите соништа
Дизајнирано специфично за Вас

Фустанот креиран само за вас е загарантирано да Ви стои одлично и да прилега на вашата фигура и да ги истакне вашите предности.

Беспрекорен тим со долгогодишно искуство

Free of phthalates which recent researches suggest the negative impacts a high exposure of phthalates can have on our health
Зошто е важно да носите фустан дизајниран специфично за Вас
Пред трендот на масовно производство на фустани за широка потрошувачка, жените носеа фустани специфично дизајнирани за нивната фигура. Тоа беа фустани изработени по нарачка според индивидуалните мерки на жената. Нарачаните фустани беа загарантирани да изгледаат привлечно за оној што ги носи затоа што секој матријал, секој шев и секој украс беа сошиени за да одговараат на нејзиното тело со прецизност. Денес, наместо тоа, се купуваат фустани во стандардни големини. Но, женските тела не станаа постандардни. Тие се исто толку индивидуални како и во минатото. Затоа ние во ЕЛЕНА ЛУКА даваме предност и важност на фустани креирани само за Вас.

Испланирајте ја вашата средба

Безразлика дали сте во потрага по венчален фустан, вечерна тоалета или сакате фустан за некоја посебна прилика ние сме тука да одговориме на сите ваши барања.
Во нашето атеље можете да најдете голем избор на веќе готови модели кои би одговарале на вашите потреби, или во консултација со нашите дизајнери да го креирате фустанот од вашите соништа.
За време на вашата средба со дизајнер

Запознајте се со дизајнерскиот тим

Пробајте од големиот избор на фустани или креирајте Ваш
