Политика на приватност

Овој документ го објаснува начинот на кој ние ги прибираме, користиме и ги чуваме вашите податоци. Продолжете со читањето, а за повеќе информации, посетете ги нашите Услови за користење.

1.Податоци што ги прибираме и како ги користиме

Елена Лука бара и прибира лични податоци од своите муштерии на различни локации на сајтот коишто вклучуваат, но не се ограничени на, креирање на ваше членство на Елена Лука, купување, комуникација преку социјалните медиуми, пишување на коментари и мислења, учество на настани, натпревари или промоции, контакт со нашиот тим за грижа на корисници или објавување на содржина генерирана од корисниците на овој Сајт. Во моментот ова се примарните начини на кои што прибираме информации, меѓутоа, во иднина можеме да прибираме податоци на други начини.

Видовите лични податоци што можеме да ги прибираме од вас може да се разликуваат во зависност од методот што се употребува. Може да вклучуваат, но не се ограничени на следново:

    A. Податоци што вие ги давате на нас

Прифаќаме и зачувуваме какви било податоци што вие свесно ги давате на нас, како што се:

  • Име и презиме
  • Имејл адреса
  • Телефонски број
  • Адреса за испорака
  • Корисничко име и лозинка за вашето членство на Елена Лука
  • Запис од вашите нарачки, историја на купување, однесување и преференции при купување на Елена Лука
  • Податоци добиени од вас преку интеракција со нас преку социјалните медиуми
  • Други детали што ги приложувате кај нас или што се вклучени во информации добиени од трети лица

    B. Информации кои се прибираат автоматски

Користиме алатки за анализа на веб страна (вклучувајќи Google Analytics) кои што автоматски прибираат нелични препознатливи податоци од вашиот прелистувач до логовите на нашиот сервер кога имате интеракција со нашиот Сајт. Ваквите податоци вклучуваат, но не се ограничени на IP адреса, прегледани страници и детали за уредот преку кој е пристапено на веб страната. Податоците се прибираат на автоматски начин преку колачиња. „Колачињата“ се текстуални датотеки кои се пренесуваат до хард дискот на вашиот уред додека сурфате на нашиот Сајт и други вебсајтови. Можете да го прилагодите начинот на кој вашиот прелистувач или уред ги прифаќа колачињата, но тоа може да ја ограничи можноста да ви овозможиме содржина кој е поврзана со вас.

Можеме да прибираме и зачувуваме нелични препознатливи кориснички податоци (вклучувајќи зачестеност и број на посетители на нашиот Сајт). Ваквите податоци се користат исклучиво во агрегирана форма и на начин кој ви овозможува анонимност. Можеме овие анонимни, агрегирани податоци да ги приложиме на нашите партнери кои дополнително може да ги искористат со цел одредување на обрасци и трендови на користење за да ви овозможиме подобрено онлајн доживување.

   C. Имејл и друга комуникација

Можеме да ве контактираме преку имејл за да ви пратиме неопходни пораки поврзани со нарачката, како што се потврда за нарачка и испорака.

Исто така, можеме да ви пратиме билтен и дополнителни имејл пораки за нашите производи, услуги, натпревари и промоции кои што мислиме дека ќе ве интересираат. Ако не сакате да добивате вакви и други промотивни пораки од нас, можете да ја откажете претплатата.

    D.Како ги користиме вашите податоците

Сите лични податоци што ги прибираме од нашите клиенти се со цел која е објаснета погоре (вид дел B и C), како и за:

  • Процесирање, потврдување, валидирање и комплетирање на вашата трансакција
  • Креирање, менаџирање и одржување на вашето членство на овој Сајт
  • Овозможување на поддршка и услуги на клиентите
  • Чување на податоци за историјата на вашите купувања
  • Овозможување на комуникација преку нашиот Сајт и социјалните мрежи
  • Менаџирање на вашето учество во натпревари и промоции
  • Праќање соодветни емејл пораки (Види дел C: Имејл и друга комуникација)

2. Споделување на податоци

Елена Лука не ги споделува личните податоци од своите корисници со кои било трети лица за нивни промотивни цели. Ги споделуваме вашите лични податоци со трети лица единствено како што е опишано подолу:

    A. Плаќање и испорака

Користиме трети лица за процесирање на плаќањето и за испорака на производите за да го осигуриме плаќањето и испораката на вашите купени производи. Повремено може да користиме услуги од трети лица. Овие трети лица немаат овластување да ги користат вашите лични податоци за нивни промотивни цели.

    B. Законско обелоденување

Го задржуваме правото да обелодениме лични податоци на нашите провајдери на услуги, владата, службите за спроведување на законите или други трети лица под одредени услови каде има доставено формално барање (судски налог или судска постапка) доколку Елена Лука, со целосна дискреција, верува дека е неопходно и соодветно.

    C. Линкови до трети веб страници

Овој Сајт содржи линкови до други веб страници. Елена Лука не презема никаква одговорност за практиките на приватност или содржината на овие други веб страници. Ве охрабруваме да ги прочитате политиките на приватност на секоја веб страница која ја посетувате пред да дадете ваши лични податоци.

    D. Содржини креирани од корисници и обелоденување на податоци

Кој било личен податок или слика кои доброволно ги обелоденувате онлајн на начин кој другите корисници можат да ги видат (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, коментари на производи и статии, објави на социјалните мрежи, работи поврзани со натпревари и промоции) стануваат јавно достапни, и може да бидат прочитани и прибрани од другите членови на Сајтот. Твоето корисничко име или други може да бидат прикажани кога објавувате коментари или слики преку нашиот Сајт. Елена Лука не е одговорна за личните податоци коишто корисниците ги обелоденуваат.

3. Како ги заштитуваме вашите податоци

Елена Лука користи напредна технологија за сигурност на Интернет. Кога пристапувате кон системот за наплата со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, вашите податоци се заштитени и со серверска автентикација и со шифрирање на податоците, што обезбедува вашите податоци да бидат безбедни, сигурни и достапни единствено на Елена Лука.

Нашиот сајт е верификуван од страна на CASYS и Sectigo за сите наши безбедни трансакции преку кредитни картички.

Освен тоа, сајтот на Елена Лука е хостиран на безбедна серверска околина што користи firewall и други напредни технологии за да се спречи интерференција или надворешен пристап.

4. Пристап до вашите лични податоци

Можете да пристапите, да ги ажурирате или промените вашите лични податоци со најавување на вашата членска страна на Елена Лука.

Можете да изберете да не приложите дел или сите податоци кои што ги бараме, но тогаш може нема да можете да се регистрирате кај нас.

5. Ажурирање на Политиката на приватност

Елена Лука може во секое време и без известување да ја промени или ажурира оваа Политика на приватност преку ревидирање на истата на Сајтот. Вашето продолжено користење на Сајтот го конституира вашето прифаќање на кое било ревидирање. Затоа, периодично треба да ја посетувате оваа страна за да ја прегледате моменталната Политика на приватност.

Последно ажурирање на 26.06.2019

6. Контакт

Добредојдени се вашите прашања и коментари за оваа Политика на приватност и Сајтот. Можете да стапите во контакт со нас на:

бул. М.Т.Гологанов 66

1000 Скопје, Македонија

+389 2 3245 107

+389 70 312 413

eshop (at) elenaluka.com