Сите сакаме трендови, но ниеден гардеробер не е потполн доколку нема неколку основни парчиња. Тие парчиња може да ги носиме секој ден во различни комбинаци и никогаш нема да бидеме исто облечени. Со нив ја искажуваме нашата креативност, нашиот вкус, а се многу практични. Еве ги нашите предлози за парчиња кои мора да ги имате особено во лето:
Бела кошула
Може да ја носите со фармерки, шорцеви, здолниште, ако е сопоширок oversize крој може да ја носите и на плажа, како наметка… нема крај на начините на кои може да го носите ова безвременско парче.
Бела маица
Белата боја е омилена во лето, па имајте и една маица во бела боја која може да ја искомбинирате буквално со се’. Искомбинирајте ја со принт, со кожни шорцеви, обични фармерки, долго здолниште - нема да погрешите.
Тексас јакна
Особено практично за свежите утра и вечери, со ова класично парче ќе бидете стоплени и модерни.
Макси фустан
Само го облекувате и веднаш сте подготвени за излегување. Особено ако е поширок, овој модел е идеален за потопло време кога не Ви е пријатно да носите се’ што е тесно и се прилепува за телото.
Бели панталони
Повторно се навраќаме на белата боја кој е идеална за во лето. Изберете го моделот според Вашите преференции и искомбинирајте го со шарен впечатлив топ.
Маица на пруги
Парче кое се враќа постојано во нашиот гардеробер. Црно-белиот дизајн идеално одговара со тексас фармерки или шорцеви.
Миди здолниште
Ова е парче кое може да го носите во многу комбинации - со едноставна бела маица, но и со контрастен принт за оние кои се чувствуваат похрабро.