Во културниот дом „Димитар Влахов“ се одржа премиерата на претставата „Две нијанси црвена - Ожени ме“, во продукција на „Театар провокација“. Режисер беше Роберт Ристов, а во главна улога се јавија Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.
Што кога девојката сака брак со момчето со кое е долги години во врска, а тој не сака? Дали секогаш љубовта мора да се круниса со брак или тој е само старомодна архаична институција со која општеството го стигматизира човекот за да може полесно да го манипулира. Дали бракот е продолжување на среќата и љубовта или прекинувач?
Ова се само дел од прашањата сместени во современ контекст со реплики кои мамат насмевки. Во улога на режисер и продуцент се јавува Роберт Ристов, кој за својата соработка со Елена Лука рече:
„И овој пат тимот на ЕЛЕНА ЛУКА се покажа како исклучително креативен, и со префинето чувство за театарска естетика, направи сценско-функционални и тематски издржани костими. Одллично се разбираме. Комуницираме на иста фрекфенција. Им благодарам од срце!“
И ние се радуваме што имвме можност да бидеме дел од уште еден нов и креативен проект.
„Косимографијата не ни е нешто непознато, а со екипата од Театар Провокација досеа сме имале можност повеќе пати да соработуваме. Им благодариме на довербата. Инспирирани од љубовта, од тоа што таа сè може да претставува, направивме неколку костими кои ја вклучуваат токму црвената боја. Внимававме на деталите, но уште повеќе на (мулти) функционалноста и удобноста, бидејќи и тоа е исклучително важно при реализирањето на еден ваков проект. Уживавме во реализирањето на визуелниот дел на оваа приказна исполнета со смеа, сексапил и секојдневие, претставени секако и преку костимографијата“, велат од модната куќа.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од вчерашната премиера: