Што значи за Вас црната боја кога е модата во прашање?
Црната боја има моќ да Ве направи центар на вниманието без премногу труд.
Кога се работи за модата, црната боја никогаш нема да излезе од тренд. Според едно истражување моделите во црна боја биле носени подолго од останатите модели во други бои.
Таа одговара на секој тон на кожата и на секој тип на тело, а и симболиката на бојата е огромна.
Личноста која носи црна боја другите ја перцепираат како мистериозна, моќна, престижна, па дури и супериорна… Таа е бојата на заведувањето и опасноста и секогаш Ве остава да посакувате повеќе.
Токму на тоа се должи популарноста на малиот црн фустан воведен од легендарната Коко Шанел. Овој модел на фустан го означува и прогресот на жената во општеството. Тој се појавил по Втората светска војна, во време кога жените почнале да бараат функционална облека која го отсликувала нивниот нов динамичен животен стил.
Црниот фустан има и уникатна визуелна способност - прави телото да изгледа потесно, помало и складно, а ги унифицира сите делови. А, сепак не ј засенува убавината на оној што го носи. Такви се и овие фустани искреирани од Елена Лука - уникатни, женствени, говорат место Вас.
Погледнете ги нашите фустани изработени со големо внимание и љубов од кои ќе Ви застане здив. Бидете ЕЛ сензација.
Фустанот нарачајте го ТУКА.
Кликнете ТУКА за да го нарачате овој фантастичен фустан.
Овој фустан може да биде Ваш - кликнете ТУКА.
Овој уникатен фустан може да го купите ТУКА.
Доколку сакате да ги видите сите наши фустани од нашата колекција пролет/лето '21 во оваа отмена боја, посетете ја нашата е-продавница на овој ЛИНК.