This section doesn’t currently include any content. Add content to this section using the sidebar.

Image caption appears here

Add your deal, information or promotional text

Отворен е новиот ексклузивен продажен салон на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје

ЕЛЕНА ЛУКА ја продолжува својата успешна приказна на уште една локација.

Новоотворен продажен салон се наоѓа на ул. Ристо Раваноски бр. 36 во непосредна близина на ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во населба Капиштец. Уште од самиот влез ќе ве пречека топла атмосфера и урбано луксузен ентериер каде на совршен начин се испрепретени темно сина и златна нијанса.

 

 

Просторноста и изобилството на светлина даваат ставаат дополнителен фокус на уникатните дизајнерски парчиња во салонот, каде со сигурност ќе ја пронајдете вашата креација од соништата.

 

 

 

Од елегантни и свечени тоалети и сетови, па сè до ready to wear комбинации, соодветни за секојдневниот имиџ на современите жени, прилагодени на стилот и возраста, новиот салон на ЕЛЕНА ЛУКА има исклучително богата понуда.

 

 

ЕЛЕНА ЛУКА веќе расплетува уште една нова современа модна приказна во автентичен амбиент кој го рефлектира препознатливиот профил на нашиот бренд.

Самиот салон го носи препознатливиот сензибилитет на модната куќа истовремено допирајќи до естетиката во уредувањето на ентериерите на светските престижни модни брендови.

 

Search